Завршна фаза од Проектот за меѓуетничка интеграција на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и ООУ „Јунус Емре“ од Лисичани

ОУ „Ванчо Николески” – Лескоец на 15-ти Октомври учествуваше во завршната фаза од проектот за меѓуетничка интеграција со партнер училиштето ООУ “Јунус Емре” – Лисичани, општина Пласница. Во заедничката средба која се одржа во ОУ „Јунус Емре“ – с. Лисичани, учествуваа 50 ученици и 20 наставници, истите кои учествуваа на нивната посета во ПУ Косел. Учениците водени од тандем наставници учествуваа во географска, германска, биолошко – хемиска, македонско – турска, спортска и психолошка работилница за врсничко насилство.

На работилниците учениците изработуваа хамери на македонски и турски јазик што ќе бидат изложени на ѕидовите во двете училишта. Беа изработени хамери за туризмот во Република Македонија, лековитите својства на растенијата, придавки на германски јазик, учтива комуникација во училиштето и хамери за спречување на врсничкото насилство. Учениците зедоа учество и во спортски натпревар во фудбал. Преку фер плеј игра учениците се натпреваруваа и се другаруваа.

Со одржаните работилници учениците ги збогатија своите знаења. Ја развија меѓусебната соработка и толеранција. Исто така преку непосредна интеракција ја подобрија тимската работа, ги намалија предрасудите и ги подобрија интерперсоналните односи помеѓу двата етникуми.

Целта на овие средби е преку интерактивни работилници да се бришат меѓуетничките бариери кај учениците и да се промовира интеграција, толеранција.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: