Ден на јаболкото во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид

По иницијатива на ЕКО секцијата од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, денес во училиштето во Лескоец, а и во подрачните училишта во Куратица и Косел, за учениците и за наставниците беше Ден на јаболкото. Сите ученици носеа јаболка за ужина, во знак на промовирање здрави навики за исхрана. Во меѓувреме се споделуваа совети за правилно консумирање на јаболкото, како и придобивки од истото. Некои од наставниците ги поврзаа и денешните наставни содржини со овошјето, јаболкото или здравата исхрана воопшто.

Ова беше првата активност од ЕКО планот предвиден за второто полугодие од оваа учебна година. Имено, ЕКО секцијата од Лескоец ќе се грижи и ќе ги организира учениците и наставниците барем секој петок да носат за ужина одредено овошје, заедно да го консумираат и да се едуцираат за квалитетите од истото. Исто така, во рамки на ЕКО секцијата во ОУ „Ванчо Николески“ работи и ЕКО патрола, која се грижи за хигиената во училиштето на ниво на паралелка, применувајќи соодветни правила. ЕКО секцијата во Лескоец во моментов спроведува и акција за собирање стара хартија, што понатаму ќе се рециклира.Денешната активност беше многу успешна. Учениците уживаа во активноста, натпреварувајќи се во тоа кој ќе биде подобар во промовирање здрава храна. Ќе продолжиме со реализација на ЕКО планот, а сите активности од ЕКО секцијата ќе бидат во насока на градење здрави животни стилови кај нашите ученици.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s