На 01.02.2020 година холот од училиштето во нашето училиште во Лескоец беше разубавен од вредните раце на младите волонтери од ОО Црвен Крст Охрид. Имено, учесниците од програмата „Млади лидери создаваат иднина“ при ООЦК Охрид го збогатија училишниот хол со цртежи со разнобојни содржини за забава и рекреација на учениците. Учениците беа пријатно изненадени и среќни, а истите ги користат за друштвени игри за време на одморите.













