Успешно завршен проектот од УСАИД – компонента реновирање во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во текот на септември и октомври 2019 година во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец се реализираа активности од добиениот проект од УСАИД (Компонента 3 – Реновирање), во вредност од 1 200 000 денари, а се однесуваа на реновирање на сите училници, училишниот хол, како и санитарните јазли од учениците.

Во рамки на овој проект со финансиска поддршка од УСАИД се направија следниве работи:

  • Целосно се реконстраа ученичките тоалети.
  • Целосно се обработија ѕидовите и таваните од сите училници (8 училници) и една канцеларија со лепак и абрип.
  • Дрвената ламперија во училниците се обои со еколошка боја.
  • Целосно се реконструира таванот во училишниот хол со Армстронг, се поставија нови светилки и таван.
  • Целосно се обработија ѕидовите во големиот училишен хол и во ходникот.
  • Ѕидовите во училишниот хол и ходникот се офарбаа со боја во висина од 1 метар.
  • Подот во ходникот се истружи и офарба.
  • Се санира и естетски уреди спојката меѓу двете згради со лимена опшивка.

Проектот за реновирање на училиштето се реализираше со поддршка од Локалната самоуправа Охрид и јавните претпријатија, како и бизнис секторот од локалната заедница со дополнителна поддршка во вредност од 350 000 денари. Во тој контекст, ЈП „Градски пазар“ го уреди и оплемени училишниот парк, ЈП „Градски гробишта“ постави рампа за лица со посебни потреби и го уреди задниот дел од училиштето, а ЈП „Водовод“ и ЈП „Комуналец“ партиципираа во делот на санирање на водоводната мрежа во училиштето.

Со поддршка од локалната заедница и бизнис секторот од Лескоец, успеавме да преградиме дел од ходникот, а со тоа прилагодивме просторија како кабинет по ФЗО и просторија за архива. Исто така во рамки на реновирањето на училиштето, со помош на сопствени средства ја заменивме внатрешната дограма (поставивме 10 нови врати, за училниците и 2 помошни простории).

Техничкиот прием на направените работи се направи на 03.11.2019 година, во присуство на претставници од УСАИД, од надорниот орган од Битола, од Локална Самоуправа Охрид, како и изведувачот од Тетово.

Со поддршка на целокупниот персонал во училиштето, како и родителите од Лескоец, активностите течеа паралелно, а наставата и воннаставните активности се реализираа според планираното. Со завршување на овој проект нашето училиште доби нов внатрешен изглед, подобри и побезбедни услови за престој и реализација на воспитно – образовниот процес.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s