НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ НАКИТЕНА СО МЕДАЛИ ОД ПРОЕКТОТ „ПРЕДИЗВИКАЈ СЕ СЕБЕСИ И БИДИ АКТИВЕН“

ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец е едно од десетте училишта вклучени во проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“, а се однесува на поттикнување на физичката активност кај учениците. Над 30 ученици од ова училиште во текот на месеците октомври и ноември партиципираа во активности и вежби, креирани од квалификуван и професионален едукатор за физичко образование, преку интерактивна онлајн плаформа.  

Учениците имаа можност да се натпреваруваат со нивни врсници од други 9 училишта низ државава, изведувајќи предизвици преку кои се поттикнуваше физичка активност, се негуваа упорноста и натпреварувачкит дух, се јакнеше физичкото здравје и се мотивираа да останат активни во ова време на пандемија од Ковид 19.

Поради успешните резултати што ги покажаа нашите ученици, беа доделени 10 медали за освоено прво, второ и трето место, како и сертификати за учество на сите ученици. Организаторот на проектот, здружението „Раст и развој“ донираше спортска опрема која ќе ја помогне реалицацијата на Физичкото и здравствено образование. Опремата е наменски избрана да не бара контакт од повеќе лица истовремено, за да може да се користи и за време на Ковид 19.

 „Ова беше одлична можност учениците да останат активни во оваа ситуација со Ковид 19, и на нов и креативен начин да се грижат за своето физичко здравје. Ние сме многу задоволни од успешната имплементација на проектот, од соработката со здружението, како и од опремата што ја добивме, бидејќи нуди можност за реализирање на креативна и квалитетна настава по Физичко и здравствено образование“ – велат од училиштето.

Проектот „Предизвикај се себеси и биди активен“ го спроведува Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој „РАСТ И РАЗВОЈ“ од Скопје, а ќе се реализира и во второ полугодие.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

%d bloggers like this: