Со низа содржини и активности во текот на месец февруари, како и со единствена завршна активност на денешниот одделенски час, учениците од нашето училиште го одбележаа месецот на ретки болести. Преку фотографии, обоени лица, цртежи, пароли и пораки изразија поддршка за лицата со ретки болести и нивната спремност да се подаде рака на истите. Во активностите се вклучија учениците и од подрачните училишта, а меѓу испишаните пораки беа и следниве: „Ретките лица се храбри“, „Ретки сте, но не сте сами“, „Болеста може да е ретка, но вербата голема“, „Ретко е да си редок“, „Посилни сте отколку што изгледате“.Преку информативни содржини, разговори и креативни активности, ние како училиште секоја година се вклучуваме во поддршка на лицата со ретки болести, со тоа нашите ученици ги воспитуваме во духот на почитување, хуманост, прифаќање, помагање, толеранција и грижа за другите.