Денес училишниот двор повторно беше полн со ученици. Со свечена приредба и поздравен говор од директорката Елена Ел Нади беа дочекани првачињата во централното училиште во Лескоец. Пригодна програма беше организирана и во подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта. Наставата за сите ученици ја започнуваме со физичко присуство со почитување на протоколите за заштита од Ковид 19. На сите ученици, родители и наставници им посакуваме успешна, среќна и безбедна учебна година!