ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше наградено со Европска ознака за квалитет за работа во Е – Твининг проектотот „OLOP – One Language, One Person“. Тоа е доказ дека работата на нашите ученици под менторство на наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, е признаена на највисоко Европско ниво.E – Твининг проектот „OLOP – One Language One Person“ / „Еден јазик, една личност“ е проект што наставничката по англиски јазик го работеше со ученици од VIII одделение, и тоа: Мелани Котоска, Марија Ѓоргиеска, Наталија Караџова и Илијана Климоска. Целта на проектот беше учениците да воочат дека учењето странски јазик може да биде многу интересно доколку се запознаат со ученици на своја возраст од други држави низ Европа, а со истите комуницираат на англиски јазик и користат исти ИКТ алатки. Учениците низ разни активности споделуваа и усвојуваа знаење на странски јазик, учејќи зборови, изрази на англиски јазик преку веб2 алатки и игри.
Како резултат на успешно завршената работа, училишето, наставничката и сите учесници добија сертификати, а нашиот проект ќе биде вметнат во посебен простор на Европскиот портал http://www.etwinning.net.