ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА

На 22.11.2021 година во соработка со СВР Охрид, Противпожарна територијална единица од Охрид и ОО Црвен Крст Охрид беше реализирана показна вежба за евакуација од земјотрес во централното училиште во Лескоец.

Вежбата започна во 10:00 часот со даден сигнал за тревога, после што следуваше евакуација на учениците и вработените според Планот за заштита и спасување, изготвено Сценарио и Скица за евакуација.

Претходно, сите вработени, наставници и ученици беа запознаени со соодветните документи и со нивната улога за време на показната вежба, а соодветно на тоа и со нивната улога во реална ситуација. Симулиравме затрупан и повреден ученик, кој беше извлечен од пожарникарите, му беше укажана прва помош од обучени волонтери од Црвен крст и беше подготвен за да биде транспортиран со возило на понатамошно лекување.Преку оваа вежба учениците и вработените во училиштето се стекнаа со конкретни знаења како треба да се однесуваат во ситуација кога има некоја природна или друга непогода. Вежби за евакуација ќе бидат реализирани и во ПУ Косел, ПУ Куратица и ПП Ливоишта.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s