ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА

Во периодот од 05.12 – 10.12. 2021 година во Вроцлав, Полска се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „I CARE“. Првата мобилност беше во истиот град во текот на октомври 2021 година, но нашето училиште поради околностите и правилата за Ковид пандемијата присуствуваше онлајн на истата. Целта на проектот „I CARE“ се активности за зачувување на животната средина и грижа за истата, што е содржано и во самото име. Темата на оваа мобилност беше рециклирање и реупотреба на материјалите, со цел создавање помал отпад. На оваа мобилност освен од нашата земја, присуствуваа претставници од училишта од земјите партнери во проектот, и тоа: Шпанија, Естонија, Полска, Чешка и Финска. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Териоска и ученикот Андреј Маркоски од осмо одделение.

Се работеше според претходно утврдена агенда за размена на идеи и искуства од областа на екологијата, селектиање и рециклирање отпад, како и можности за активности со учениците за реупотреба на материјалите. Беше посетен најстариот музеј за рециклирање материјали, како и научниот институт Hydropolis, каде преку симуалација на процеси и најнова технологија можеше да се види од каде доаѓа водата и нејзината важност. Се реализираа креативни работилници за изработка на предмети од веќе употребени материјали. Она на што сме особено горди е дека во рамки на овој проект сите учесници заедно создадовме песна (музика и текст), што на оваа мобилност ја испеавме и снимавме заедно, а потоа ја промовиравме на Youtube каналот.

Продолжуваат активности во рамки на овој Еразмус+ проектот „I CARE“, кој е планирано да трае до август 2023 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s