ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

На 24-ти декември во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше реализиран Отворен ден во рамки на Проектот за поттикнување демократска клима во училиштето „Донеси и понеси книга“ и Новогодишен базар на отворено.

Најпрво, со почитување на мерките за заштита од Ковид 19 и во присуство на дел од учениците, наставниот кадар и менаџментот на училиштето, како и одговорен советник од Биро за развој на образование, во холот на училиштето се презентираа активностите спроведени во рамки на проектот „Донеси и понеси книга“. Овој проект беше ученичка иницијатива, а во рамки на истиот беа направени многу активности, меѓу кои: презентации, посета на охридската библиотека, разговор со роднокраен писател, акции за носење книги во училиштето, поставување и уредување полици во училишниот хол и промоција на книгата како најдобар пријател. Целта на овој проект е доближување на книгата до учениците и пројавување поголем интерес кон истата. Преку овие активности учениците се поттикнуваат слободното време да го минуваат во друштво на книгата, да ја разберат големината и значењето на книгата во однос на писменоста, елоквентноста, изразувањето, видикот и широчината на отворениот ум, но и да се предочат негативните страни од прекумерно користење на електронските уреди. 

Исто така, во соработка со родителите во училишниот двор беше организиран и Новогодишен базар, каде можеше да се погледнат и купат прекрасните новогодишни изработки што учениците ги направиле заедно со нивните наставници и родители. Новогодишниот базар беше отворен со три музички нумери подготвени од хорот и оркестарот во училиштето, а потоа продолжи со посета на штандовите со изработки од секоја паралелка/одделение. Воочлива беше новогодишната атмосфера, креативниот амбиент, среќата и задоволството кај сите присутни. Средствата што се собраа од Новогодишниот базар ќе се насочат за остварување на дел од ученичките иницијативи, односно ќе се наменат за збогатување на полиците со книги од слободна литература за деца, со цел уште еднаш да се потенцира важноста на книгата, но и да се покаже дека со заедничка соработка и тимска работа се стигнува од идеја до реализација.Учениците и вработените од ООУ „Ванчо Николески“ Ви посакуваат СРЕЌНИ БОЖИЌНИ И НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ, со искрени желби за добро здравје и среќа во Новата 2022 година!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s