МОБИЛНОСТ ВО ИЗМИР (ТУРЦИЈА) ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „БРИШЕЊЕ БАРИЕРИ ПРЕКУ СПОДЕЛУВАЊЕ КУЛТУРНИ БОГАТСТВА“ 

Во периодот од 15.01 – 20.01.2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на втората мобилност од Еразмус+ проектот „Breaking barriers through sharing treasures“ („Бришење бариери преку споделување културни богатства“) што се реализира во Измир, Турција. Темата на оваа мобилност беше „Бисерот на Егејот, Смирна (Измир)“, а целта беше да се споделуваат знаења и доживеат искуства за културното наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Турција, Полска, Грција и Италија (онлајн). Претставници на оваа мобилност од ООУ „Ванчо Николески“ беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Терзиоска, како и 4 ученички од деветто одделение: Мелани Котоска, Наталија Караџова, Илијана Климоска и Марија Ѓорѓиеска.

Учениците и наставниците имаа можност да бидат дел од разни креативни ликовни и социјални работилници, да творат заедно, да присуствуваат на театарска претстава за легенда поврзана со историско наследство, да посетуваат разни значајни културни наследства заштитени од УНЕСКО, а наставниците исто така имаа обука во рамки на престојот во Измир.

Во рамки на проектот беа реализирани посети на многу природни и културно – историски знаменитости во Измир и околината, како што се античкиот град Агора, замокот Кадифекале (Kadifekale) со прекрасен панорамски поглед на Измир, археолошкиот музеј во Измир, историскиот лифт во Измир (еден од симболите на Измир), плоштадот Конак каде се наоѓа познатата Саат кула во Измир, познатото излетничко местo Караѓол (Karagöl), античкиот град Ефес (Ephesus), куќата на Дева Марија, Пештерата на седумте спијачи и познатото историско село Сиринче (Şirince).

За време на престојот во Измир учесниците од проектот имаа официјален прием од директорот и заменик директорот на одделот за култура во општина Karşıyaka, Измир. Проектот „Бришење бариери преку споделување културни богатства“ се темели на заеднички активности и размена на искуства на оваа тема, а учениците преку запознавање на другите култури се едуцираат да ги почитуваат разликите и да градат мостови меѓу народите.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s