На регионалниот натпревар по Географија одржан на 21.05.2022 година, ученичката Елеонора Смическа VIа – освои III место и обезбеди пласман за државен натпревар. Таа беше под менторство на наставничката Татјана Бунчевска Пуцоска.
На државниот натпревар по Природни науки одржан на 28.05.2022 година на Природно математичкиот факултет во Скопје, учениците од IVб одделение Андреј Кантароски и Миа Танеска освоија III награда. Тие беа под менторство на наставничката Елеонора Ѓорѓиеска. На истиот државен натпревар по Природни науки ученичката Тамара Зенгоска од Vа под менторство на наставничката Габриела Ѓорѓиевска освои II награда.
На државен натпревар во атлетика одржан во Скопје на 21.05.2022, ученикот Александар Камнароски од IX одделение од ПУ Куратица освои I место на 100 метри и II место на дисциплината скок во далечина. Ученикот беше под менторство на наставниците Валентина Караѓуле и Петар Киселинов, а во соработка со АК Охрид трчаТ.