На 27.05.2022 во нашето училиште со учениците од VII и VIIII одд. се одржа завршна работилница во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“.
Темата на проектот е градење капацитети и кон вмрежување за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица.
Модулите и игрите за едукација за заштита на пештери и лилјаци наменти за деца од градинки и од основни училишта, беа изработени од страна на искусни експерти од областа на карстологијата, биодиверзитетот, педагогијата и искуственото учење. Работилницата во нашето училиште ја реализираа нашите наставнички Татјана Пуцоска Бунчевска и Габриела Ѓоргиевска – членови на Општинската организација на Црвен Крст Охрид.
Учениците активно беа вклучени во работилницата преку учење, едукативни игри и на крај најзанимлива им беше играта „Горе долу по Галичица“, преку која ги изнесоа своите знаења за оваа наша убавица.








