ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИСТАНБУЛ ВО РАМКИ НА ЕРАЗМУС+ ПРОЕКТОТ „ЧИСТА ПРИРОДА – ДОЛГ ЖИВОТ“

Во периодот од 24.05 – 28.05.2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на четвртата мобилност од Еразмус+ проектот „Clean nature – long life” („Чиста природа – долг живот“) што се реализира во Истанбул, Турција. Темата на оваа мобилност беше „Рециклирање“, а целта беше да се споделуваат знаења и доживеат искуства за реупотреба на сите материјали што ги користиме. Освен претставници од нашето училиште, на оваа мобилност присуствуваа и претставници од: Англија, Романија, Турција и Португалија. Претставници на оваа мобилност од ООУ „Ванчо Николески“ беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска.

Учесниците имаа можност да бидат дел од разни посети на фабрики за рециклирање, да учествуваат во креативни ликовни и социјални работилници, да работаат со познатата техника марблинг, да присуствуваат на модна ревија со рециклирани материјали, и да посетат обука за заштита на животна средина и рециклирање. 

За време на престојот во Истанбул учесниците од проектот имаа официјален прием од окружниот директор за национално образование. Исто така во рамки на оваа мобилност во Истанбул беа посетени многу значајни културно – историски места, како што се: Topkapi palace, Dolmabahce palace, Galata tower, Girl tower, Balat, Pier Loti, Hagia Sofija и многу други.

Проектот „Чиста природа – долг живот“ се темели на заеднички активности и размена на искуства на оваа тема, а учесниците преку споделување на искуства се едуцираат за имплементирање на еколошките содржини во наставата и во животот воопшто. Првата образовна мобилност од овој проект се реализира во нашето училиште во ноември 2019 година, а последната (петта) мобилност ќе се реализира во Велика Британија на крајот од месец јуни 2022 година, со што овој проект целосно ќе се имплементира и заврши.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s