КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЧКИ АКТИВИЗАМ

На 23.08.2022 година делегација од нашето училиште составена од наставничката по граѓанско образование Александра Петревски, педагогот Весна Терзиоска и учениците Виктор Николоски и Мики Грнчески од IX одделение, присуствуваа на конференција за ученички активизам, која се одржа во хотел Александар Палас во Скопје. Конференцијата беше насловена како „Граѓанско на дело: Од училница во акција“, а беше во рамки на наставиот предмет граѓанско образование. Стануваше збор за динамичен настан каде имаше можност да се проследат успешни наставни и воннаставни активности спроведени од училиштата изминатите години, по иницијатива од самите ученици. Исто така пред учениците беа презентирани организации и институции што ги изучуваат во рамки на програмата за Граѓанско образование, со тоа што нашите ученици имаа прилика да разговараат со претставниците на тие организации и институции. Во рамки на самата конференција се дискутираше и за реформите во граѓанското образование и понатамошните потреби на воспитно – образовниот кадар во училиштата.

Конференцијата беше поддржана од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум, а за време на истата се обратија директорот на Бирото за развој на образованието, директорот на Центарот за стручно образование и обука, директорот на Проектот како и директорката на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, кои ја истакнаа важноста од поттикнување на ученички иницијативи и слушање на гласот на младите за позитивни промени во заедницата.

Нашето училиште во рамки на Ученичкиот парламент и поредметот Граѓанско образование настојува да ги поттикне и поддржи ученичките иницијативи, а преку разни наставни форми да ги подготви учениците за активен живот во граѓанско општество.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s