НАШЕТО УЧИЛИШТЕ ПОВТОРНО ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ 

ООУ „Ванчо Николески“ во периодот од 19-ти до 23-ти Септември 2022 година беше домаќин на 22 наставници од: Словенија, Србија, Турција и Италија. Посетата беше во рамки на Еразмус+ проектот „Strategies for improving attendance and reducing truancy“/„Стратегии за подобрување на редовноста и намалување на бегањето од часови“,

 а Охрид беше втор по ред домаќин на образовна мобилност од серијата мобилности што ќе се реализираат низ сите земји учесници во овој проект до крајот на август 2023 година.

Еразмус+ тимот училиштето во состав од наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска, изготви програма на тема „Математиката е интересна“, која беше успешно и во целост реализирана. Учесниците имаа можност да проследат часови по математика реализирани во нашето училиште, а исто така и тие да реазлизираат часови по математика со наши ученици од второ одделение, користејќи интерактивни и интересни стратегии за учење. Исто така беше организирана презентација и работилница на тема: „Математиката е убава“ од професор доктор по математички науки. Во рамки на оваа образовна мобилност учесниците имаа можност да ги презентираат своите национални наставни програми по математика, како и методи и стратегии за мотивирање на учениците да ја сакаат математиката како наука. 

Во текот на нивниот престој во Охрид, гостите имаа можност да се запознаат со училиштето, со училишните активности, да посетат многу места, музеи, цркви, Заливот на коските, манастирот Св. Наум и уште многу други автентични места во нашиот град. Исто така учесниците имаа можност да присуствуваат на традиционална вечера збогатена со изворна македонска музика. Оваа образовна мобилност траеше пет дена, кои беа исполнети со работилници, презентации, посети на културно – историски знаменитости, тимска работа, многу дружење, размена на искуства и учење. На крајот од оваа средба беше направена евалуација на постигнатите цели и беа доделени сертификати.

Во рамки на неделната работна агенда учесниците од проектот имаа посета на општина Охрид и средба со раководното лице на секторот за образование, пред кого ги образложуваа образовните системи и начинот на функционирање на училиштата од својата матична земја. 

ООУ „Ванчо Николески“ во моментов е вклучено во 3 Еразмус+ проекти, заедно со 13 партнери од други европски земји. Следната образовна мобилност од проектот „Strategies for improving attendance and reducing truancy“ ќе се реализира во Турција, во месец октомври 2022 година.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s