ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ООУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ВО РИЗЕ, ТУРЦИЈА

Во периодот од 18.10.2022 до 22.10.2022 во Турција се одржа третата мобилност од Еразмус + проектот ,,Strategies for improving attendance and reducing truancy” („Стратегии за подобрување присуство и бегање од часови“). На оваа мобилност присуствуваа претставници од училиштата од сите партнери во проектот: Македонија, Србија, Словенија, Италија и домаќините – Турција. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: педагогот Весна Терзиоска, директорот Сашо Климоски, како и наставниците: Валентина Караѓуле, Јасна Бадалоска и Марјана Крстаноска.

Темата на оваа мобилност беше мотивацијата на учениците преку примена на разни интеракциски техники на работа, со посебен акцент на наставниот предмет англиски јазик. Според претходно утврдена агенда за работа, учесниците работеа и разменуваа искуства за подобри техники со кои би се зголемила заинтересираноста на учениците и би се подобрил квалитетот во наставата, преку обезбедување интелектуална освен физичка присутност на часовите.

Во рамки на мобилноста од страна на сите учесници во проектот се реализирааа часови во второ и трето одделение во турското училиште Işıklı 60.Yıl İlkokulu, а потоа следуваше дискусија околу нивната ефикасност во реализација на целите на современ начин. Од наша страна беа реализирани часови во II и III одделение, а наставната содржина беше: ,,Здрава храна” и „Животни на фарма“. Часовите беа реализирани преку техники за тројна интерактивност, како и со голема соработка и заинтересираност од страна на учениците. 

Во текот на престојот во Турција преку предавање од универзитетскиот проф. Др Ибрахим Јеребакан учесниците во проектот се запознааа со примената на англискиот јазик во Турција, со структрата на граматиката, со начините и методите за полесно совладување на англискиот јазик, како и со придобивките од учењето на англискиот јазик. Исто така секоја земја учесник имаше презентација за својата национална програма за работа со англиски јазик и поучувањето на англискиот јазик во своето училиште и училница. Во текот на работната недела секоја земја имаше и презентација за сопствената традиционална кујна. Преку интересни презентации на видови локална храна, начин на приготвување и консумирање на истата, се направи запознавање со спецификите и културата од сите земји.  

Учесниците на оваа мобилност имаа можност да посетат многу културно – историски знмаенотости, како и природни убавини со кои располага овој регион, познат по обилните дождови и бујната вегетација. Во тој контекст беа посетени езерото Караѓул во месноста Борчка со прекрасната флора кое е заштитено како национален парк, понатаму градот Ардешен со неговите полиња за чај, тврдината и познатата стара чаршија во Ризе, како и градот Трабзон со разгледување на културно – историски споменици. Имаше и ден посветен за посета на Грузија, и тоа вториот град по големина – Батуми, кој е и главен град на Автономната Република Аџара, а се наоѓа на брегот на Црното Море во југозападниот дел на Грузија. 

На крајот од мобилноста од страна на домаќините во општината Ризе беше организирана завршна свечена церемонија со пригодни говори од истакнати личности, традиционална музика и танци, претставување на секоја земја партнер и доделување сертификати. Присутни беа градоначалникот на градот, претставникот од образование на општината и многубројни познати професори од други училишта. 

Со реализација на целокупната агенда и цели, делегацијата од нашето училиште се врати од Турција со позитивни, корисни искуства и впечатоци. Следната мобилност од овој проект е во Словенија, во Март 2023 година. 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s