Како дел од Еразмус активностите на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“, наставничката Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска, како и учениците: Бојана Илиеска, Сара Аслимоска, Дејан Буџакоски, Јована Крстаноска и Златко Митрески, во училишниот хол презентираа искуства и впечатоци од нивното учество на образовната мобилност во Palmela – Setúbal, PORTUGAL во рамки на Еразмус+ проектот „Our culture, our future“. Преку Power point и видеа тие на интересен начин ги дисеминираа активностите во кои беа вклучени, искуствата што ги разменија, знаењата кои ги стекнаа и местата што ги посетија. Нивните впечатоци за оваа образовна мобилност беа позитивни, со порака до останатите ученици и наставници да се трудат да се стекнат со можност за едно вакво корисно патување.













