Еразмус+ образовна мобилност во Италија, во рамки на проектот „Наша култура, наша иднина“

Во периодот од 12-ти до 16-ти Декември 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на четврата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Лоди, Италија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на традиционалната музика и музичките инструменти на земјата домаќин. Тимот од четири ученици од нашето училиште (Јована Николоска, Елеонора Смическа, Јана Петрушевска и Елена Чулческа) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија. 

Учениците и наставниците имаа можност да го посетат училиштето во Лоди кое е партнер во овој проект, да уживаат во италијанската музика и во прославувањето на нивниот голем празник „Санта Луси“, што секоја година се прославува на 13-ти Декември и се однесува на децата. Оваа посета беше збогатена со музички концерти со оргули во локалната црква и катедрала во Лоди, со посета на музеј за музички инструменти каде беше организиран концерт на пијано, како и научна обиколка на Лоди со туристички водич. Исто така, учесниците ги посетија градовите Милано и Бергамо, познати по својата богата историја, а Бергамо по тоа што ќе биде главен град на културата во 2023 година. Во Милано учесниците ја посетија катедралата, Божиќниот базар, но имаа и одлична можност за тура низ Националниот музеј за наука и технологија „Леонардо Да Вични“, кој е современ и мултимедијален. 

На оваа мобилност учениците од нашето училиште презентираа дел од нашите традиции и обичаи при прославување македонски важни празници, а исто така го презентираа и богатото наследство од македонски традиционални музички инструменти. 

За време на престојот во Италија учесниците од проектот имаа официјален прием во општинската куќа од градоначалникот и заменик градоначалникот на општината Лоди, во која се наоѓа училиштето учесник во проектот. Проектот „Наша култура, наша иднина“ се темели на заеднички активности и размена на искуства на оваа тема, а учениците преку запознавање на другите култури се едуцираат да ги почитуваат разликите и да градат мостови меѓу народите. Следната мобилност од овој проект е во март 2023 во Турција, градот Салили.

ООУ „Ванчо Николески“ веќе успешно реализира два Еразмус+ проекти, а оваа година во тек е имплементација на уште три Еразмус+ проекти.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s