Новогодишна приредба и Новогодишен базар во ООУ „Ванчо Николески“

На 26-ти декември во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше реализирана свечена Новогодишна приредба и Новогодишен базар. Во рамки на овој настан, а во соработка со Здружението „Спасовден“ и Месната заедница од Лескоец, беше обезбеден Дедо Мраз и пакетчиња за сите ученици од одделенска настава. 

Свечената приредба започна со настап на училишниот хор, а потоа следуваше поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски. Тој ги честита престојните празници и се заблагодари на родителите и помагателите за поддршката што ја даваат на училиштето на секое поле, истакнувајќи дека сите сме тука за да обезбедиме услови за учениците, бидејќи секое дете заслужува да биде среќно. 

Програмата продолжи со богати музички и рецитаторски точки подготвени од учениците и наставниците од одделенска и предметна настава, кои испратија честитки и желби за добро здравје, љубов и мир за новогодишните и божиќните празници. Потоа настапи изненадувањето (Дедо Мраз), кој на интересен начин го најави водителот аниматор Жанко З’ш Голабоски. Следуваше Новогодишен базар, 

а на истиот можеше да се погледнат и купат прекрасни новогодишни изработки што учениците ги направиле заедно со нивните наставници и родители. Со собраните средства од Новогодишниот базар ќе се збогати училишната библиотека со лектирни изданија и ќе се подобри видео надзорот во училиштето, важен за безбедноста на учениците и вработените.

Пред почетокот на новогодишната приредба во училишниот хол беше организиран отворен ден и промоција на Проектот за поттикнување демократска клима во училиштето „Храна на иднината“. Пред родители и наставници беа презентирани активности направени во рамки на овој проект, во соработка со стручно лице производител на микробиотска храна. Овој проект исто така учествуваше со свој штанд со микробиотска храна на Новогодишниот базар. 

Воочлива беше новогодишната атмосфера, креативниот амбиент, богатата програма, добрата организација, среќата и задоволството кај сите присутни. Присутните родители и гости заминаа со очигледна воодушевеност од целокупниот настан, со нестрпливо очекување на следната ваква можност и со инспирација за вклучување во идните училишни активности од ваков тип.

Учениците и вработените од ООУ „Ванчо Николески“ Ви посакуваат СРЕЌНИ БОЖИЌНИ И НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ, со искрени желби за добро здравје и среќа во Новата 2023 година!

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s