На 07.02.2023 година во нашето училиште со помош на врснички едукатор и волонтер при ОО Црвен Крст Охрид се реализира работилница со учениците од VII оддeление, на тема заштита и превенција од болестите на зависност што ги демнат младите луѓе. Преку презентација и интерактивен начин учениците се стекнаа со информации и добија одговори на поставени прашања за последиците од различните видови зависности, што се штетни по здравјето на човекот. Се разговараше за врсничкиот притисок, достапноста на овие пороци, но најмногу за избегнување и заштита од истите. Оваа работилница беше организирана во рамки на проектот „Превенција од ризично однесување”, што се реализира со седмооделенците по изборниот предмет „Унапредување на здравјето“.
Оваа врсничка едукација исто така беше искористена за мотивирање на нашите ученици за волонтирање и корисно поминување на слободното време.




