ДЕН НА ШЕГАТА – АПРИЛИЈАДА 2023

Во ООУ “Ванчо Николески” – Лескоец, традиционално се одбележа Денот на шегата, 1-ви Април како од наставниците и учениците од централното училиште во Лескоец, така и од подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта.

     Сите ученици се маскираа со многу креативни, разновидни маски и направија дефиле од училишниот двор до центарот на селото. Ученици од деветто одделение беа маскирани како зет и невеста и музичари на свадба и свиреа на тапани и хармоники и играа ора.

    По дефилето на маските следуваа спортски игри за учениците од четврто до деветто одделение организирани од наставниците по физичко и здравствено образование. Учениците се натпреваруваа во влечење јаже, скокање во вреќи, носење јајца во лажица и јадење слатки.

    Со различните активности учениците ја развија креативноста, го зголемија натпреварувачкиот дух и се забавуваа.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s