Еразмус+ образовна мобилност во Словенија

        На четвртата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Стратегии за намалување на отсуствоото од часови“ која се реализираше од 20-ти до 24-ти Март 2023 година присуствуваше тим од ООУ „Ванчо Николески“ во состав: Марија Крцоска, Габриела Ѓоргиевска, Силвана Смическа, Љубица Тодороска и Јасмина Андриевска. Истата беше на тема „Integrating STEAM projects in science lessons“, а се реализираше во Љубљана, Словенија.

Целта беше интегрирање на STEAM пристапот во лекции по природни науки. Со партнер земјите (Србија, Италија, Турција, Словенија) се споделуваа искуства и знаења преку реализација на наставни часови по природни науки, се прикажуваа презентации за природните науки во партнер земјите, се споделуваа алатки за работа на часовите и практични примери.

Тимот беше во посета на Основно училиште „Шентвид“ во Љубљана кое е партнер училиште во овој проект. Посетата беше исполнета со кратка свечена приредба за топло добре дојде на сите земји партнери во овој проект, а преку нивните точки учениците истакнаа специфичности од нивната земја. Исто така во рамки на посетата беа реализирани креативни часови по природните науки од страна на наставниците од IV и V одделение од училиштето, а потоа и наставниците од сите земји учеснички реализираа часови со теми од природните науки.

Од нашето училиште одделенскиот наставник Марија Крцоска со останатите од тимот  реализираше наставен час на тема „Менување на својставата на материјата со загревање и ладење“ во IV одделение, додека предметниот наставник Габриела Ѓоргиевска заедно со останатите од тимот реализираше час во V одделение на тема „Загадување на водата“. При реализација на часовите се споделуваа искуства, знаења, техники и практични примери кои се користат во реализација на часовите. Секоја земја ги  презентираше  природните науки во наставата во земјата од која доаѓа. Исто така беа реализирани посети со туристички водич низ значајни места, како што се: Постојнска Јама, националниот парк Блед, прошетка низ Љубљана и посета на градот Пиран.

За време на престојот во Словенија учесниците од проектот имаа прием од градоначалникот на градот Љубљана.

Тимот од нашето училиште ООУ „Ванчо Николески“ се врати со прекрасни, воодушевувачки впечатоци од споделените искуства, знаења, култура, дисциплина и  практични примери од земјата домаќин и нивниот образовен систем.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s