E-TWINNING ПРОЕКТ

Forgotten Words – Заборавени зборови

Во Јануари 2023, осум ученици од VII и IX одделение со наставничката по англиски јазик се приклучија во е – твининг проектот „Заборавени зборови“. Заедно со соученици од Турција, Романија, Хрватска, Србија, Грузија, Португалија, Литванија и Грција преку разни активности, онлајн средби, изработки учеа и презентираа стари заборавени зборови и се потсетија на минатото. Целта е преку интегрирани предмети на училиште, историја, англиски и мајчин јазик, преку користење разни ИКТ алатки, да развиваат културна свест и изразување, писменост, лична и социјална свест, да учат за да научат.

Преку проектот „Заборавени зборови“ учениците го збогатија својот вокабулар, потсетувајќи се на стари заборавени предмети и зборови, а исто таја се погрижија да не губат контакт со минатото со тоа што научија што значат игрите, хоби или алатки од минатото, а ја научија и нивната вредност. Со различни активности, изработка на лого и на постер, изработка на картички со слики и зборови од стари заборавени предмети, изработка на видео, онлајн средби со соученици од другите држави, сите ученици учеа да бидат активни, креативни, за користат мајчин и странски јазик, и да користат разни икт алатки за учење.

Учениците ја посетија и антикварницата „Аминта“ каде заедно со наставничката и сопственикот ги согледаа старите предмети што веќе не се користат но имаат своја убавина и вредност и кои ќе останат трајно запомнети.

На 1 јуни 2023 се прославува Меѓународниот ден на детето – па сите ученици изработија картички со пораки за детето. Овој проект завршува во јуни.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s