На 23.08.2022 година делегација од нашето училиште составена од наставничката по граѓанско образование Александра Петревски, педагогот Весна Терзиоска и учениците Виктор Николоски и Мики Грнчески од IX одделение, присуствуваа на конференција за ученички активизам, која се одржа во хотел Александар Палас во Скопје. Конференцијата беше насловена како „Граѓанско на дело: Од училница во акција“, а беше во рамки на наставиот предмет граѓанско образование. Стануваше збор за динамичен настан каде имаше можност да се проследат успешни наставни и воннаставни активности спроведени од училиштата изминатите години, по иницијатива од самите ученици. Исто така пред учениците беа презентирани организации и институции што ги изучуваат во рамки на програмата за Граѓанско образование, со тоа што нашите ученици имаа прилика да разговараат со претставниците на тие организации и институции. Во рамки на самата конференција се дискутираше и за реформите во граѓанското образование и понатамошните потреби на воспитно – образовниот кадар во училиштата.
Continue reading “КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УЧЕНИЧКИ АКТИВИЗАМ“