ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС
за пријавување кандидати за учество во програмата ЕРАЗМУС+ КА122-УО
Training Program,од програмата Еразмус+ КА122-SCH, клучна акција 1 – краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на училишно образование.
Врз основа на решение бр. 23-0016 од ден 29.12.2025 од Националната Агенција за Европски Образовани Програми и мобилности одобрена е апликација за проектот „Empowering Schools, Inspiring Change: A Safe Space for Every Student“ / „Зајакнување на училиштата, инспирирање промени: Безбеден простор за секој ученик“.
Во рамки на проектот ќе се реализираат обуки на наставен кадар од нашето училиште во Турција и во Шведска. Темата на обуките и посетата на училиштето се поврзани со вредностите на Европската Унија при што на обуки ќе присуствуваат 9 наставници (учесници), а во Шведска на размена ќе одат 12 наставници (учесници). Обуките ќе се реализираат во академијата „Пиксие“ преку програмата на Европската унија, Еразмус +, КА122 која ќе трае 6 дена.
Во прилог е интерниот оглас за наставен кадар и стручни соработници за учество во обуките.