Еразмус+ проектот „Blue Labs for School“ – пет дена исполнети со знаење, еколошка свест, нови пријателства и незаборавни искуства

Во периодот од 26 до 30 октомври, Охрид и ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беа домаќини на првата образовна мобилност во рамките на Еразмус+ проектот „Blue Labs for School“, реализирана во партнерство со ОШ „Петар Канавелич“ од Корчула, Република Хрватска. Координатор на проектот е Локалната агенција за развој од Струга, а проектен координатор е екологистот Драгана Карашова, која ја координираше реализацијата на активностите. Пет дена исполнети со учење, истражување, дружење и размена на искуства, во кои водата, природата и грижата за животната средина беа во центарот на едно прекрасно меѓународно образовно искуство.

Continue reading “Еразмус+ проектот „Blue Labs for School“ – пет дена исполнети со знаење, еколошка свест, нови пријателства и незаборавни искуства” →

Свечено пуштање во употреба на новоизградената спортска сала во ООУ “Ванчо Николески“ – Лескоец

Денес е ден на голема радост и гордост за нашето училиште. По цели 30 години исчекување, конечно успеавме да изградиме сопствена спортска сала — простор што не претставува само нов објект, туку исполнување на една долгогодишна потреба и голема желба на многу генерации.

Continue reading “Свечено пуштање во употреба на новоизградената спортска сала во ООУ “Ванчо Николески“ – Лескоец” →

Е-TWINNING проект “ЕASY ENGLISH WITH AI”

Ученици од VIII и IX одделение ( Андреа С. Христијан К. Ема Ѓ. и Тамара З.) под раководство на наставничката по англиски јазик – Елисабета Настоска, учествуваат во меѓународниот Е-TWINNING  проект – ЕASY ENGLISH WITH AI.

Проектот се работи со ученици и наставници од 5 училишта од Турција, Грција, Полска, Романија и ние. Учениците беа поттикнувани на интелектуалната љубопитност, мотивација и интерес  за одредена тематика и низ интересни и стимулативни активности поврзани на дадената тема поминуваат нтересни фази и цели од проектот,  самостојно креираа дигитални содржини и успешно презентираа пред другите партнери во проектот. Проектот ги развива моторните и интелектуалните способности, креативноста и трпеливоста, ја поттикнува имагинацијата, развива чувство за естетика и логично размислување.

Continue reading “Е-TWINNING проект “ЕASY ENGLISH WITH AI”” →

ПРВИ АПРИЛ – ДЕНОТ НА ШЕГАТА

🎭 Учениците од нашето училиште се вклучија во одбележување на 1 Април – Денот на шегата.

👉 Спортски игри, смеа, изработка на маски, погодување гатанки, избор на најубава маска беа само дел од активностите во кои учениците уживаа 🎭.

Continue reading “ПРВИ АПРИЛ – ДЕНОТ НА ШЕГАТА” →

Работилница од Црвен Крст за заштита на животната средина

🍀 Со учениците од прво, второ и трето одделение од Лескоец, како и со сите ученици од одделенска настава во ПУ Косел и ПУ Куратица се реализираше прекрасна и интерактивна едукативна работилница посветена на заштита на животната средина, одржана од волонтер од Црвен крст.

Continue reading “Работилница од Црвен Крст за заштита на животната средина” →

Учество во пошумување во Ресен

Ученици и наставник од нашето училиште учествуваа во садење на 850 садници и креирање на Сончева гора над гимназијата во Ресен. Пошумувањето беше овозможено од Man and Mountain во соработка со општина Ресен, локалниот тим на Македонски шуми и Костал.

Засега, најнепосредниот начин да придонесеме кон намалување на загадувањето на воздухот и борбата со климатските промени е садењето на дрвја, а растењето на генерации кои ја сакаат природата и разбираат врската помеѓу нејзиното одржување и нашето здравје е круцијално за секаков тип на напредок.

Благодарност до нашите многу вредни ученици и наставничката во пензија Елена Ел Нади за поддршката 🙏🌱

Домаќини на регионален натпревар по географија

На 28.03.2026 нашето училиште беше домаќин на регионален натпревар по географија, во кој учествуваа 24 ученици од училиштата од Охрид, Струга и Ресен.

👉 Со гордост ги споделуваме извонредните успеси на нашите ученици и тоа: 🌍

🏆 Никола Чулчески VI одд.– освоено I место

🏆 Ева Ѓузелоска IX одд– освоено I место

🥉 Тамара Зенгоска IX одд. – освоено III место

👏 Овие резултати се плод на нивната посветеност, знаење и љубов кон географијата, како и посветеноста на нивниот ментор, наставничката по географија Tanja Pucoska Bunceska.

👉 Упатуваме искрени честитки до учениците и менторот за нивниот успех, а воедно им посакуваме уште многу успеси и достигнувања и на државниот натпревар! 👏

Успех на општинскиот натпревар по англиски јазик

На општинскиот натпревар по англиски јазик што се одржа на 14 март 2026 година, нашите ученици постигнаа солидни резултати:

👩‍🏫 Евгенија Стојаноска (IХ одд.) – II награда (ментор: Александра Николовска )

👩‍🏫 Симона Котоска (VIII одд.) – III награда (ментор: Елисабета Настоска)

👩‍🏫 Ема Коталеска (VI одд.) – III награда (ментор: Елисабета Настоска)

👏 Алек Грнчески (VII одд.) – пофалница за учество (ментор: Елисабета Настоска)

🎉 Учениците со освоени награди се пласираа на регионалниот натпревар.

Им честитаме на учениците и менторите, со желба за успех на регионалниот натпревар!

Подготовка за општинскиот натпревар по Прва помош

Нашето училиште започна со подготовка за општинскиот натпревар по Прва помош, што ќе се реализира на 17.04.2026 во организација на Црвен крст Охрид.

👉 Во рамки на секцијата “Прва помош” која ги подготвува учениците за претстојниот општински натпревар по Прва помош, беше реализирана дисеминациска работилница за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина.

👉 Преку презентација, интерактивни вежби, видео и дискусија, учениците се запознаа со Историјатот на Црвениот крст, основоположникот Анри Динан, принципите, значењето на амблемот и компонентите на Движењето.

👉 Посебен акцент се стави на волонтирањето, особините на волонтерот, како и придобивките од волонтирањето што се однесуваат на личен раст и развој на волонтерот, на помош во заедницата, а не на материјална придобивка.

👉 Учениците беа заинтересирани и се мотивираа за вклучување во волонтерски активности и во стекнување знаења и вештини за Прва помош и спасување животи.

👉 Оваа година секцијата “Прва помош” во нашето училиште ја води наставничката Емилија Блажеска, а дисеминациска сесија со учениците ја реализираше педагогот на училиштето и воедно дисеминатор за Црвен крст, Весна Терзиоска.