Краток филм за свадбени обичаи во рамки на Еразмус+ проектот „Наша култура, наша иднина“

Краток филм за „Свадбени обичаи“ со кое успешно се претставивме на образовната мобилност во Корчула (Република Хрватска), од 15-19ти Мај 2023 година, а во рамки на Еразмус+ проектот „Наша култура, наша иднина“. Следејќи ги насоките и во рамки на можностите, со филмчето успеавме да прикажеме повеќе од свадбените обичаи кај нас, а публиката истото го проследи со големо воодушевување и позитивни коментари.

WEDDING CUSTOMS

За изработка на филмчето помогнаа наставничката Емилија Блажеска, КУД „Фаланга“ од Лескоец, Филип Ставрески, родителот Леон Котоски, ученикот од VIIIa Мартин Котоски, а и сите ученици вклучени во снимањето.

Покрај тоа, учениците во Корчула се претставија и со презентација за резултатите од истражувањето на тема „Стари предмети во нашиот крај“, што го реализираа со наставничката Aleksandra Petrevski.

Незаборавни искуства и впечатоци од последната образовна мобилност во Корчула

Еразмус тимот од ООУ „Ванчо Николески“ со незаборавни искуства и впечатоци ја заврши и последната образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“). Истата се реализираше во периодот од 15-ти до 19-ти Маj 2023 година на островот Корчула, Хрватска. Тимот од четири ученици од нашето училиште (Софија Колушоска, Анастасија Котоска, Давор Сотироски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката Елисабета Настоска. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија.

Continue reading “Незаборавни искуства и впечатоци од последната образовна мобилност во Корчула”