ПРВИОТ УЧИЛИШТЕН ДЕН

Со свечена приредба и поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски, беа дочекани првачињата во централното училиште ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец. 

ООУ „Ванчо Николески“ наставната година ја започнува подготвено и спремно со подобрени услови и мотивација за успешна учебна година. Денес беше отворена и новоизградената училница за идните првачиња во Лескоец, чија изградба беше под покровителство на општина Охрид. 

Пригодна програма беше организирана и во подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта. 

Напишете коментар