Детска недела

По повод Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец Октомври, оваа година во нашето училиште, ООУ „Ванчо Николески“, се реализраа низа активности под мотото „Јас и светот околу мене“.

Одбележувањето на детската недела во нашето училиште започна на 2-ри Октомври, кога на одделенскиот час сите на сите ученици им беше прочитана Конвенцијата за правата на детето при ООН, со посебен акцент на детето и на неговите права предвидени во законските регулативи имплементирани во нашата држава.

На 3 Октомври, кога е и Светскиот ден на детето, учениците од I до V одделение во Лескоец изведоа еколошка акција во училишниот двор и блиската околина под мотото: „За почист и подобар свет“. Истиот ден имаше и работилница за изработување плакати за почист свет.

Во подрачното училиште во Косел истиот ден учениците од I-V одделение преку игра и разни цртежи ги пренесоа своите чувства и мисли, ги насликаа убавините на нивната околина.

Активностите продолжија на 4-ти Октомври, кога учениците од III одделение заедно со нвните наставнички пред Охридското Езеро учеа преку игра и слободно твореа во природата. Преку цртеж ги искажуваа своите мисли и чувства, а преку песна својата среќа и задоволство.

Истиот ден пак учениците од V одделение покажаа како се грижат за себе, како знаат да се натпреваруваат, а притоа да се забавуваат. Ја покажаа нивната умешност во врзување врвки.

На 5-ти Октомври се во училишниот хол во Лескоец и во ПУ во Косел одржа кратка приредба по повод Светскиот ден на учителот. Учениците изработија цртежи за нивните наставници и напишаа песнички, што ги прочитаа пред останатите ученици и колективот во училиштето, а исто така настапија со неколку песнички во истиот контекст. „Добриот наставник е како свеќа – се троши самиот себе за да го осветли патот на другите“ – Мустафа Кемал Ататурк.

Последниот ден од Детската недела беше збогатен со приредби и во централното училиште во Лескоец, но и во подрачните училишта во Косел и Куратица. „Запејте деца на светот“ ,„Овој свет, еден и единствен“ ,„Ајде, рака да си пружиме“, „Две рачички со десет прсти имам деца јас“, „Имам право на …“, беа само дел од песничките што беа испеани и одиграни. Учениците кажаа каков свет сакаат да имаат, каков свет тие ќе градат. А најмалите, првачињата и во Лескоец, и во Косел и во Куратица го одбележаа приемот во ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА и ветија дека секоја задача со леснотија ќе ја решат.

Напишете коментар