На 02.10.2023 година во нашето училиште се реализира обука за ESEP платформата, eTwinning проекти и соработка помеѓу наставниците. На обуката присуствуваа 20 наставници и стручни соработници од нашето училиште, заинтересирани да ја имплементираат можноста на eTwinning платформата во својата секојдневна работа со учениците.








Наставниците и стручните соработници се запознаа со придобивките што ги нуди оваа платформа, можностите за да во рамките на eTwinning со своите ученици организираат и реализираат активности заедно со колеги од други земји. Сите присутни отворија своја сметка на ESEP платформата, каде се нудат примери од пракса и онлајн средина каде може да комуницираат, да креираат проекти, да споделуваат и да учат заедно, согласно темпото што им одговара и интересите што ги имаат.

Постојаното надградување е од суштинско значење за сите наставници и стручни соработници, па затоа членовите на заедницата на оваа платформа имаат пристап до вебинари, кратки и долги онлајн курсеви конференции, и други можности за професионален развој, каде што се запознаваат со експерти во голем број области и ги унапредуваат своите вештини.

Обуката ја реализираше Силвана Крстеска од Охрид, наставник по математика во ООУ „Кочо Рацин“, која воедно е и eTwinning амбасадор во нашата земја.