На 24-ти и 25-ти Октомври во нашето училиште се реализира 8 часовна обука за медиумска писменост. Учесници на обуката беа вкупно 26 наставници, и тоа наставници од одделенска настава и наставници по македонски јазик во предметна настава од училиштата: ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти.

Обуката беше интерактивна, а на истата наставниците добија и насоки за активности што треба да ги реализираат за стекнување соодветен сертификат.


Предавачи на обуката беа м-р Јанко Билбилоски (советник за советодавна стручна работа во БРО) и Марина Џепароска Танасоска (наставник ментор), а истата беше во организација на БРО, УСАИД, IREX и Македонски институт за медиуми (МИМ).







