Во рамки на избориот предмет Вештини за живеење што се изучува во VII одделение, нашето училиште во соработка со ДУЦ „Ванчо Питошески”- Охрид организираше работилница за Бон тон во ресторан.

Работилницата беше со цел учениците од VII одделение да стекнат знаења и вештини за правилно однесување при угостителски дејности, и како домаќини, но и како гости. Преку една реална ситуација, на многу едноставен и интересен начин, тим од две професорки и двајца ученици од средното угостителско училиште од Охрид, презентираа начин на сервирање, поставување маса и културно однесување во дадени пригоди.






Учениците имаа можност и практично да ги применат стекнатите знаења во текот на презентацијата.

Одговорни наставници за овој изборен предмет се: Татјана Пуцоска Бунчевска и Елена Ел Нади.
Ваквиот начин на стекнување знаења и вештини ќе продолжи да се практикува во нашето училиште посебно по овој предмет и на различи теми, бидејќи преку интерактивно ситуационо учење учениците се стекнуваат со трајни знаења и корисни животни вештини.
