Во соработка со Отсекот за превенција при СВР Охрид, во нашето училиште во Лескоец се одржа презентација за заштита од насилство, сајбер насилство и булинг.
На презентацијата присуствуваа сите ученици од VI, VII, VIII и IX одделение, а притоа имаа можност да се запознаат со формите на насилство, опасностите што со себе ги носи насилството во било која форма, како и начини да се заштитат од истото.







Учениците имаа можност да поставуваат прашања до претставниците од Отсекот за превенција при СВР Охрид и да слушнат корисни совети како да постапуваат во конкретни ситуации, со цел да не бидат жртви на насилство или пак насилници.

Ваквите презентации се редовна пракса во нашето училиште, со цел да се превенира и заштити здравјето на учениците, да се подобри нивната безбедност, како и да се стекнат со одредени знаења за реагирање во конкретни ситуации што секојдневно ги демнат.