Училница во природа

Во рамки на проектот „Gazebo classroom“, финансиски поддржан од американското здружение на граѓани „Macedonia Schools Project“, во ООУ „Ванчо Николески“ успешно се изгради училница во природа.

Преку изградба на оваа училница создадовме можност дел од наставата да се реализира во природа, кога целите тоа го предвидуваат, а временските услови тоа го дозволуваат. Училницата е изградена од квалитетно природно дрво, а капацитетот на истата дозволува истовремено да се реализира настава со две паралелки.

Во септември училиштето беше посетено од сегашниот и претходниот претседател на здружението „Macedonia Schools Project“ од Америка, кои изразија задоволство од досегашната соработка, а ние изразивме благодарност за нивната несебична поддршка.

Нашето училиштето ќе продолжи да соработува со здружението „Macedonia Schools Project“, кое веќе 15 години го помага училиштето донирајќи разни наставни средства и помагала, со што значително се подобрени условите за настава. Координатор на овој проект во нашето училиште е педагогот Весна Терзиоска.

Напишете коментар