Заврши училишниот натпревар за избор на лого за Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“ (“Our stories are our bridges”). Имаше голем интерес од страна на учениците и многу креативни предлози.
Ова се резултатите од натпреварот за избор на најдобро предлог лого во нашето училиште:
1 место за логото „Куќа“ од ученикот Марин Митрески VIIIа
2 место за предлог логото „Срце“ од Димитар Аслимоски од VIб.
3 место за логото „Балони“од ученичките Анастасија Котоска и Јана Петрушевска од VIIIб и за логото „Земја“ од ученичката Елена Чулческа VIIIб.
Следува интернационалниот натпревар, кога три од овие наши лога ќе се напреваруваат со шест други лога од учениците од партнерските училишта од Хрватска и Словенија. Логото што ќе победи на тој натпревар ќе биде официјално лого за проектот „Нашите приказни се наши мостови“.
Ученици од VII одделение од Лескоец и VIII одделение од ПУ Косел со своите наставнички по биологија, природни науки и географија присуствуваа на едукативна работилница на тема „Културно наследство”.
Во рамки на проектот „Our stories are our bridges“ или „Нашите приказни се наши мостови“ на 15.12.2023 година се реализира првата виртуелна (онлајн) мобилност.
На истата присуствуваа наставници и ученици од трите земји учесници во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).
Зградата на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец блесна осветлена во различни бои, во знак на разбирање и целокупна поддршка што колективот и учениците ја даваат за лицата со ретки болести.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамки на програмата Еразмус+ 2021-2027 ја одобри апликацијата од ООУ „Ванчо Николески“ за проектот „OUR STORIES ARE OUR BRIDGES” или „Нашите приказни се наши мостови“.
Како поддршка за работењето на 3Д секцијата при ООУ „Ванчо Николески“, преку здружението на граѓани од САД „Macedonia schools project“ во училиштето обезбедивме Еndurance LED ласерска машина. Истата служи за гравирање врз повеќе материјали (дрво, пластика, хартија, кожа..), како и сечење на полесни материјали (картон, шперплоча, плексиглас..).
Учениците со помош на наставникот по информатика ќе цртаат векторски форми што потоа ќе ги изгравираат или исечат на некој материјал, како: хартија, картон, дрво и пластика. Со овој тип активности ќе се потикнува креативноста кај учениците, а ќе се збогатуваат и знаењата од областа на технологијата.
Нашето училиште веќе 15 години одлично соработува со здружението „Macedonia Schools Project“. Преку различни заеднички проекти и нивни донации секоја година се подобруваат условите за реализирање современа настава во училиштето.