Обезбедена ласерска машина за 3Д секцијата во училиштето

Како поддршка за работењето на 3Д секцијата при ООУ „Ванчо Николески“, преку здружението на граѓани од САД „Macedonia schools project“ во училиштето обезбедивме Еndurance LED ласерска машина. Истата служи за гравирање врз повеќе материјали (дрво, пластика, хартија, кожа..), како и сечење на полесни материјали (картон, шперплоча, плексиглас..).

Учениците со помош на наставникот по информатика ќе цртаат векторски форми што потоа ќе ги изгравираат или исечат на некој материјал, како: хартија, картон, дрво и пластика. Со овој тип активности ќе се потикнува креативноста кај учениците, а ќе се збогатуваат и знаењата од областа на технологијата.

Нашето училиште веќе 15 години одлично соработува со здружението „Macedonia Schools Project“. Преку различни заеднички проекти и нивни донации секоја година се подобруваат условите за реализирање современа настава во училиштето.