Зградата на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец блесна осветлена во различни бои, во знак на разбирање и целокупна поддршка што колективот и учениците ја даваат за лицата со ретки болести.

И оваа година учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец се вклучија во поддршка на лицата со ретки болести, реализирајќи низа активности и креативни работилници во текот на месец Февруари.








Во активностите се вклучија учениците и наставниците и од подрачните училишта, сите обединети под паролите: „Ретките се многу!“, „Ретките се силни!“, „Ретките се горди!“