Во рамки на проектот „Our stories are our bridges“ или „Нашите приказни се наши мостови“ на 15.12.2023 година се реализира првата виртуелна (онлајн) мобилност.
На истата присуствуваа наставници и ученици од трите земји учесници во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

На првиот вртуелниот состанок учесниците:
Меѓусебно се запознаа;
Се запознаа со целите на проектот, опсегот на проектот, временската рамка, активностите и резултатите;
Се дефинираа каналите за комуникација;
Се утврдија алатките за дисеминација;
Се запознаа со улогите и задачите на секоја земја партнер, како и со улогата на земјата координатор;
Се дефинираа начините за споделување идеи, договарање и менаџирање на процесот за реализација на проектот; и
Се презентираа следните чекори.





Состанокот беше во духот на споделување идеи и вклучување на применливите идеи во проектните процеси
.
Првата виртуелна мобилност заврши со поделба на обрвски и задачи за реализација во периодот пред првата ЛТТА образовна мобилност во Словенија во месец Март 2024 година.






