Во тек е училишниот натпревар за изготвување предлог лого за Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges” или „Нашите приказни се наши мостови“.

Секој ученик од нашето училиште има можност да се вклучи во овој натпревар изготвувајќи предлог лого за овој проект, со кое понатаму заедно со предлог логоа од ученици од Република Словенија и Република Хрватска (Корчула) ќе учествува во интернационалниот избор на конечното лого на овој проект.
Рокот за пријавување предлог лого е до 15.02.2024 година, а сите насоки за истото се во прилог на овој пост.
Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges” е проект чија цел е промена на културната свест кај учениците, преку слушање и споделување стари приказни од својата и другите земји. Раскажувањето приказни е моќна алатка за споделување на културното наследство, но и ресурс за иднината.
Приказните се културно наследство, наследство што не се состои од пари или имот, туку од култура, вредности и традиции. Нешто што е наследено, пренесено од претходно генерации. Народните приказни ја претставуваат нашата историја и нашата идентитет; нашата врска со минатото, со нашата сегашност и иднината.
„Мора да се раскажуваат приказни или тие ќе умрат, а кога ќе умрат, не можеме да се сетиме кои сме или зошто сме тука.“ – С.М. Кид.
Историски гледано, приказните во минатото биле единственото средство за пренесување на културата, традицијата и обичаите на еден народ. Раскажувањето позитивни приказни кои ја истакнуваат важноста на културата, традицијата и обичаите, се градење високи вредности кај децата. Младите треба да бидат запознаени со вредноста на своето минато.
Приказните за историја, традиција и култура ќе ни бидат мостови за поврзување и за меѓусебно почитување со учениците и наставниците од другите земји.