Соработката со „Зелен центар“ продолжува!

Ученици од VII одделение од Лескоец и VIII одделение од ПУ Косел со своите наставнички по биологија, природни науки и географија присуствуваа на едукативна работилница на тема „Културно наследство”.

👉 Ова е првата од трите едукативни работилници во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.

👌 Работилницата се состоеше од едукативно предавање, интерактивна дискусија преку презентација на 3Д принтани копии на археолошки артефакти, групна работа и забавен дел.

Истата се реализираше во просториите на Младински центар Охрид.

Напишете коментар