Креирана Е – книга со приказни во рамки на образовната мобилност во Словенија

Првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Словенија

🏫 OŠ “Brezovica pri Ljubljani” 🏫

ДЕН 4 (21.03.2024)

👉 Презентација за приказните во словенечкиот образовен систем.

👉 Наставни методи за обработка на приказни.

👉 Два часа за обработка на приказни.

👉 Дискусија за “storytelling” наставни методи и техники (изработка на E – брошура за storytelling методи – прв дел).

👉 Работилница за ученици: “Заборавени приказни” (креирање сценарио и играње улоги пред останатите ученици).

👉 Учениците креираа E – книга со словенечки приказни – прв дел.

👉 Македонските ученици презентираа сценарио за кратка драма (македонска народна приказна).

Посета на Постојнска Јама во Словенија во рамки на Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”, реализирана во Р. Словенија.

🏫 OŠ “Brezovica pri Ljubljani” 🏫

ДЕН 3 (20.03.2024) – Светскиот ден на приказните 📚

👉Работилница за учениците: учениците креираа приказна преку поврзување серија од слики. Учениците беа поттикнувани да ја користат својата фантазија и имагинација, да размислуваат креативно за тоа како сликите можат да ги исткаат во приказна.

👉 Одбележување на Светскиот ден на приказните како мост меѓу народите.

👉 Патување до Постојнска Јама со воз, ново искуство за многу ученици.

👉 Раскажување приказни за Постојнска Јама, Човечката рипка и Змејот.

👉 Пешачење до пештерата Постојнска Јама.

👉 Посета на пештерата Постојнска јама.

👉 Ручек во ресторан близу пештерата.

👉 Пешачење назад, разглед на Постојна.

Посета на езерото Блед во Словенија во рамки на Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Првата образовна мобилност во Словенија од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”

🏫 OŠ “Brezovica pri Ljubljani” 🏫

ДЕН 2 (19.03.2024)

👉 Работилница со учениците: “Збор по збор”, каде секој ученик додава по еден збор на приказна што заедно ја креираат.

👉 Патување до езерото Блед, разглед на Блед.

👉 Раскажување приказна за езерото Блед.

Првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“


🏫 OŠ “Brezovica pri Ljubljani” 🏫

ДЕН 1 (18.03.2024)

👉 Свечено отворање на образовната мобилност во Словенија, официјален дочек и говор на директорот.
👉 Словенечкиот тим презентираше: „Приказна за нашата земја“, „Приказна за нашиот град“, „Приказна за нашето училиште“.
👉 Презентација на останатите училишни партнери „Приказни за нашите земји, градови и училишта“ (Македонија и Хрватска).

Continue reading “Првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Училишната зграда во Лескоец ќе добие потполно ново руво!

ООУ „Ванчо Николески“ ќе добие потполно нов изглед!

Започнаа градежните работи за целосна реконструкција на фасадата на училишната зграда во Лескоец. Проектот е во реализација на општина Охрид, а ги опфаќа следниве активности:

👉Целосна реконструкција на фасадата (Термо – изолациона фасада по сите стандарди)!
👉Монтажа на нови гранитни окапници на целото училиште!
👉Комплетна промена на олуци на цело училиште!
👉Поставување снегобрани на целото училиште!
👉Промена на дел од старата дограма (постоечки метални со ПВЦ)!

НЕ ЗАСТАНУВАМЕ!

Наша определба е создавање потопол и поубав дом за нашите ученици!

Успешно завршена првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“

Во периодот од 18 – 22 Март 2024 година, група од нашето училиште во состав: педагогот Весна Терзиоска, наставничката Александра Петревски и учениците: Тамара Зенгоска VII одд., Ева Ѓузелоска VII одд. и Иво Коталески VIII одд., беа дел од првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е координатор. Истата се реализираше во Љубљана, Р. Словенија, а домаќин ни беше ОШ “Брезовица при Љубљани”. Во овој проект освен нашето училиште, се вклучени училишта од Р. Хрватска (Корчула) и Р. Словенија.

Continue reading “Успешно завршена првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Нашите приказни се наши мостови“”

Еколошката секција со еколошка акција по повод Денот на екологијата

Учениците и наставниците од еколошката секција и оваа година Денот на екологијата, 21 Март, традиционално го одбележаа со низа активности, под мотото „Мисли глобално, делувај локално“. 🍀💐🌹🥀🌸🌿🪴🎍🌷🪷🌺

Continue reading “Еколошката секција со еколошка акција по повод Денот на екологијата”

Избрано логото за Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges“

🥇 На натпреварот за избор на најдобро лого што ќе го претставува Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges”/„Нашите приказни се наши мостови“, победи логото „Срце“, креирано од ученичката Karmen Skokandić од основното училиште „„Ante Curać – Pinjac“, од Република Хрватска.

👉 На овој натпревар во најтесен избор влегоа девет креативни лога, изработени од ученици сите земји учесници во проектот (Хрватска, Словенија и Македонија), а за истите гласаа наставници и ученици од сите три земји. Логото „Срце“ освои најмногу поени, дури 215.

👉 Ова лого ќе биде видливо на сите активности што ќе се реализираат во рамките на овој Еразмус+ проект.

Отворена новоизградена инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“

На 29.02.2024 година на Денот на ретките, во свечен амбиент во функција беше пуштена новоизградената инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.

Continue reading “Отворена новоизградена инклузивна училница во ООУ „Ванчо Николески“”

Одбележан 29-ти Февруари, Денот на ретките

Ученичкиот парламент од ООУ „Ванчо Николески“ го одбележа Денот на ретките, 29-ти Февруари, со едукативни работилници во сите паралелки во предметна настава, со цел запознавање на болестите, симптомите, како и можна медицинска и општествена поддршка за истите.

Continue reading “Одбележан 29-ти Февруари, Денот на ретките”