Ученичкиот парламент од ООУ „Ванчо Николески“ го одбележа Денот на ретките, 29-ти Февруари, со едукативни работилници во сите паралелки во предметна настава, со цел запознавање на болестите, симптомите, како и можна медицинска и општествена поддршка за истите.



Презентациите беа изработени и презентирани од ученици од училишниот парламент. Едукативна работилница беше изведена и во одделенска настава, со учениците од петто оделение.




Информираноста е поддршка!
Учениците пак од IIIa и IIIб одделение заедно со нивните наставнички, Денот на ретките го одбележаа сплотени во креативна работилница и презентација ,,Сите сме деца под ова небо’’.





