Избрано логото за Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges“

🥇 На натпреварот за избор на најдобро лого што ќе го претставува Еразмус+ проектот „Our stories are our bridges”/„Нашите приказни се наши мостови“, победи логото „Срце“, креирано од ученичката Karmen Skokandić од основното училиште „„Ante Curać – Pinjac“, од Република Хрватска.

👉 На овој натпревар во најтесен избор влегоа девет креативни лога, изработени од ученици сите земји учесници во проектот (Хрватска, Словенија и Македонија), а за истите гласаа наставници и ученици од сите три земји. Логото „Срце“ освои најмногу поени, дури 215.

👉 Ова лого ќе биде видливо на сите активности што ќе се реализираат во рамките на овој Еразмус+ проект.