Во периодот од 18 – 22 Март 2024 година, група од нашето училиште во состав: педагогот Весна Терзиоска, наставничката Александра Петревски и учениците: Тамара Зенгоска VII одд., Ева Ѓузелоска VII одд. и Иво Коталески VIII одд., беа дел од првата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е координатор. Истата се реализираше во Љубљана, Р. Словенија, а домаќин ни беше ОШ “Брезовица при Љубљани”. Во овој проект освен нашето училиште, се вклучени училишта од Р. Хрватска (Корчула) и Р. Словенија.

Првиот ден имавме запознавање со проектот и со сите три земји учеснички преку презентации за земјата, градот и училиштата од кои доаѓаме.

















Потоа секоја земја учесник креираше свое ќоше, па така ние со реквизити што ги донесовме од кај нас, креиравме македонско ќоше и ја презентиравме нашата култура, обичаи, традиција и обележја пред останатите учесници во проектот.
За време на престојот во училиштето бевме дел од неколку наставни часа каде нашите ученици имаа интерактивно учество, вклучени бевме во работилници за обработка на приказни поврзани со словенечката историја и култура, а на крајот учениците креираа е-book со слушнатите приказни.















Во рамки на оваа мобилност ги посетивме езерото Блед и познатата Постојнска јама, а исто така имавме и разгледување на значајните места во Љубљана.















Имавме можност да ја проследиме театарската претстава за деца “Kralj Matijaš” во тамошниот Дом на култура “Cankarijev Dom” во Љубљана, во директна изведба на авторот Anja Štefan, која е најпознатиот словенечки раскажувач на приказни, заедно со нејзината театарска група.








Преку низата интерактивни активности поврзани со раскажување и слушање приказни, учесниците на оваа мобилност успеаја да се запознаат со другите култури, да ги согледаат сличностите и да „градат мостови“ на соработка и заедништво.
Втората мобилност од овој проект е во Мај 2024, во Хрватска, на островот Корчула.