🏫 OŠ “Brezovica pri Ljubljani” 🏫
ДЕН 1 (18.03.2024)
👉 Свечено отворање на образовната мобилност во Словенија, официјален дочек и говор на директорот.
👉 Словенечкиот тим презентираше: „Приказна за нашата земја“, „Приказна за нашиот град“, „Приказна за нашето училиште“.
👉 Презентација на останатите училишни партнери „Приказни за нашите земји, градови и училишта“ (Македонија и Хрватска).







👉 Меѓусебно запознавање на учесниците преку интересна игра со избор на две слики кои не’ опишуваат.
👉 Тимот од секоја земја партнер креираше и презентираше свое катче (словенечко, хрватско и македонско катче) со различни материјали, храна, опрема, пијалоци, сувенири, фолк елементи и сл., кои ја претставуваа културата, историјата, традицијата и обичаите на секоја земја.
👉 Работилница за учениците: „Мојата земја во спортот“ – учениците во мешани групи изградија заеднички спортски терен со Лего коцки.
👉 Разгледување на училиштето.
















