Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 08.04.2024 година се реализира втората виртуелна (онлајн) активност. На истата учествуваа наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).

На втората виртуелна активност направивме:
👉 Општа проценка на мобилноста во Словенија.
👉 Евалуација од учениците учесници на образовната мобилност во Словенија.
👉 Разгледување на резултатите од ученичкиот Претест направен во февруари 2024 година.
👉 Евалуација од наставниците за образовната мобилност во Словенија.
👉 Дискусија за исходите, продуктите, извештаите, дисеминацијата и промоцијата на проектните активности.
👉 Планирање на втората LTTA образовна мобилност во Корчула, Хрватска (12-16 мај, 2024 година).
👉 Дискусија за тековни чувства, размислувања и придонеси за процесите на проектот.
👉 Планирање на следни чекори и активности.




















Втората виртуелна мобилност заврши со задачите што треба да се реализираат во периодот пред втората LTTA образовна мобилност во Корчула, Хрватска во мај 2024 година.