Денес се одржа 50-тиот општински натпревар по прва помош, во организација на Црвен крст Охрид.
Нашето училиште учествуваше со екипа составена од ученици од VII одделение, и тоа: Ева Ѓузелоска, Филип Бадалоски, Калина Ѓузелоска, Анастасија Трифуноска, Јана Аслимоска, Стефани Чулческа и Андреј Стеваноски, под менторство на наставничката Елена Ел Нади.

Иако нашата екипа беше составена од најмлади учесници, тие спремно одговорија на сите предизвици и достоинствено го претставија училиштето.
Од вкупно 11 екипи од основни училишта од општина Охрид и Дебрца, екипата од нашето училиште го освои високото 5 – то место.









На сите ученици и на менторот им го честитаме успехот покажан на овој натпревар.

