Првачињата од ООУ „Ванчо Николески“ вчера ги засадија нивните генерациски дрвциња во училишните дворови во Лескоец и Косел. Дрвцата „Маза“ и „Бела“ ќе бидат обележје на нивната генерација, а првачињата ќе се грижат секојдневно за нив, за да растат заедно.


Претходно учениците имаа едукативна работилница за правилно рециклирање отпад.
Благодарност до НВО „Енхелус Лихнид“, што ни помага заедно да ги едуцираме нашите ученици за важноста од правилна грижа кон природата и нејзино чување.












